КОМПЛЕТНА ТРАНСФЕР ЛИСТА – Странците пред Македонците!

Странските фудбалски имиња, се чини, го одбележаа зимскиот преоден рок, како никогаш досега, меѓу македонските прволигаши.

Пред стартот на пролетниот дел од сезона во Првата македонската фудбалска лига, комплетирајќи ги бројките по завршениот трансфер период се чини македонските клубови во желбата за засилување на своите редови се насочуваат кон фудбалерите од надвор, наспроти играчите со македонско државјанство кои се помалку трансферираат низ домашните елитни клубови.

Вкупно 31 странско име донесоа македонските прволигаши во зимскиот преоден рок. Факт е дека главната битка за шампионската титула ќе ја водат Шкупи и Шкендија, кои повторно одвојуваат средства за фудбалери од надвор. Шкупи ангажираше дури четворица нови фудбалери од странство, како дополнение и на оние претходните, а Шкендија пак ќе има тројца нови странци во своите редови.

Буквално сите македонски прволигаши ангажираа барем по еден странец во своите редови низ зимскиот трансфер период, а најмногу ги донесе Работнички – дури пет, активно засилувајќи се во битката за избегнување на дното.

Од клубовите кои ќе се обидат да им ја „расипат сметката“ на Шкупи и Шкендија во битката за врвот секако се Брегалница и Академија Пандев. Штипските „сини“ со ангажманот на поранешниот прв човек на ФФМ и трократен освојувач на шампионската титула во Македонија, Илчо Ѓорѓиоски, добија најмногу од тренерски аспект. Штипјани најмногу покажаа резултатски и низ подготовителниот период, но сето тоа ќе мора да го демонстрираат и на официјалниот домашен прволигашки терен.

Во битката за опстанок снајголемата битка ќе ја водат Тиквеш, Скопје, Борец и Пелистер. Јасно е дека најзагрозени се битолчани и велешани. Токму затоа и тие беа едни од најактивните во ангажман на нови засилување, „пелистерци“ од клупата сега предводени и од Марјан Секуловски кој во есенскиот дел успешно ја водеше Брегалница.

Се вчитува...