Компромис: Ние без Македонија, Грците без „Хелас“ во Кожани

Денеска е ден за спорт, па така двете ракометни селекции се насочуваат само кон овој аспект на натпреварот во Кожани.

Во тој правец, на дресовите на двете репрезентации ги нема имињата на земјите, па така на грбот на нашите ракометари нема Македонија, но и кај домаќините на грбот се наоѓаат сани презимињата на репрезентативците, без вообичаениот назив „Хелас“ што ги следи на официјалните натпревари.

Во период на сериозен обид на разрешување на долгогодишниот конфликт меѓу двете земји , убаво е што борбата се води на терен, без ниски удари и игри на „зелена маса“.

Се вчитува...