Конате се повреди и се врати во Мадрид

Францускиот репрезентативец и член на Реал Мадрид, Ибрахима Конате, ќе отсуствува две до три недели од терените поради повреда на десното коло, објавија шпанските медиуми.

Конате се повреди на вчерашниот тренинг на француската репрезентација, по што веднаш го напушти кампот и се врати во Мадрид на детални лекарски прегледи.

„По прегледите кои денеска ги направија медицинските служби на Реал Мадрид, на Конате му е дијагностицирана повреда на колатералниот лигамент на десното колено“, стои во соопштението кое денеска го објави Реал Мадрид.

Од „кралскиот клуб“ не потенцираа колку време дефанзивецот ќе биде надвор од терените, но шпанските медиуми пишуваат дека Конате нема да игра две до три недели.

Според медиумите, лекарските служби на Реал Мадрид се во трка со времето за да го опорават Конате за дуелот од осмото коло во Ла Лига против Виљареал кој треба да се игра на 10 октомври.

Се вчитува...