Посебен момент на конференцијата за медиуми пред почетокот на „Адрија тур“ во Задар беше запознавањето на Бисерка Петровиќ и Новак Ѓоковиќ. На големо задоволство на двете страни новите пријатели си разменија подароци. Бисерка на Новак му подари дрес од Дражен Петровиќ, додека тој и возврати со свој рекет.
Мајката на Дражен Петровиќ пред некој ден изјави дека ќе направи се да го запознае Новак Ѓоковиќ кој многу ја потсеќа на нејзиниот син Дражен и доколку тој поради обврски не успее да допатува во Шибеник, таа без проблеми ќе замине во Задар.
Покрај Новак Ѓоковиќ дел од „Адриа тур“ во Задар се и домашните тенисери Марин Чилиќ и Борна Чориќ, Германецот Александар Зверев, Русинот Александер Рублев и Григор Димитров од Бугарија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА