Конечно, и „старите“ да ги израдуваат фановите… (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Сениорската репрезентација на Македонија конечно стигна до победа на еден официјален квалификациски натпревар.

Цели 13 едноподруго натпревари, во рамките на квалификациски циклус, македонските сениори беа без триумф, серија која конечно успеавме да ја прекинеме во Лихтенштајн со убедливата победа од 0-3.

Последен пат кога Македонија запиша победа во квалификациски натпревар беше на 9. октомври 2014 година, 3-2 во Скопје против Луксембург, во рамките на квалификациите за ЕП 2016… Од тогаш имавме победи на пријателските дуели со Црна Гора (4-1) и со Азербејџан (3-1), па сега следи победата на Лихтенштајн…

Во Вадуз избраниците на Игор Ангеловски ги израдуваа македонските навивачи кои се појавија на трибините, но сега со желба од сите нив да не чекаат повторно двеипол години да се радуваме на нова победа.

[new_royalslider id=”551″]

Се вчитува...