Конечно, победа на јуниорките на ФИБА-челинџерот во Софија

Женската јуниорска репрезентација на Македонија ја забележа првата победа на ФИБА-челинџер турнирот во Софија, откако нашите млади кошаркарки славеа на дуелот со Албанија со убедливи 61-49.

Македонските јуниорки од самиот почеток ја имаа контролата над играта и над резултатот. По релативно израмнетото прво полувреме во кое реализиравме двоцифрено водство од (32:22), се стана јасно во третиот дел од играта. Нашите девојки одиграа многу поангажирано во одбраната. На противникот му дозволија да даде само шест поени. Од друга страна, ние дадовме 21, за повеќе од убедливи и недостижни, (53:28). Убедливото водство донесе и опуштање во нашите редови, што албанските репрезентативки го искористија за да го ублажат поразот.

Марија Димитријевиќ одигра одличен меч стигнувајќи до дабл-дабл од 14 поени и 10 асистенции, а 14 поени за македонската репрезентација постигна и Ива Чолакоска.

Македонските кошаркарки утре го завршуваат настапот на овој челинџер-турнир, со дуел против селекцијата на Швајцарија.

Се вчитува...