Конечно се огласи и Барселона: Суперлигата му е апсолутно потребна на фудбалот

Каталонскиот гигант Барселона, и покрај откажувањето на девет клуба, и натаму е цврст на тезата дека европската Суперлигата е повеќе од неопходно натпреварување за спас на европскиот фудбал.

„Апсолутно е неопходно големите клубови конечно да го кажат својот став околу распределбата на добивката. Ги поддржуваме националните лиги и ќе продолжиме дијалог со УЕФА. Но, мора да се знае дека големите клубови најмногу допринесуваат за финансиските добивки и врз основа на тоа така и треба да добиваат“ – вели претседателот на Барселона, Хуан Лапорта кој конечно се огласи на темата Суперлига.

Лапорта цврсто ја поддржува идејата за Суперлига.

„Ние настапуваме трезвено и мудро. Суперлигата е апсолутно потребна. Таа ќе биде атрактивно натпреварување, засновано на спортски заслуги. Отворени сме за дијалог со УЕФА и мислам дека наскоро ќе најдеме заеднички јазик. Неопходно е на Европа да и дадеме вистинско фудбалско шоу, а Суперлигата тоа и би била. Некои клубови изминативе денови беа под силен притисок да се откажат, и потклекнаа. Но предлогот да се приклучат на Суперлигата и натаму постои, и ќе постои. И оваа идеја секако во блиска иднина ќе се реализира, сакал некој или не“ – вели Лапорта.

Се вчитува...