Најдобриот играч на Светското првенство 2026, шпанскиот играч од средниот ред Родри, е сè уште играч на Манчестер Сити и нема да биде големо изненадување ако остане така до јуни 2027 година, кога всушност му истекува договорот.
Веднаш по Светското првенство започнаа шпекулации за иднината на Родри, а потоа се чинеше дека ќе ги напушти редовите на англискиот клуб.
На почетокот, неговото заминување во Реал Мадрид беше сигурен облог, но одеднаш се случи пресврт и Барселона „се појави“ како фаворит во борбата за овој одличен играч од средниот ред. Дури имаше информации дека Родри и Барселона постигнале договор за условите и дека сè што останувало е клубовите да се договорат за висината на обештетувањето за да се реализира трансферот.
Сепак, деновите минуваа и минуваа, а ништо не се случи и околу тоа, па сега самиот фудбалер проговори за сè.
Родри истакна дека сака да го напушти Манчестер Сити под услов „вистинската цена да биде на маса“.
„Би сакал да си заминам, но ќе прифатам трансфер само ако е на маса вистинската цена. Ако тоа не се случи, ќе останам и ќе му дадам сè што имам на Манчестер Сити во следните 12 месеци“, рече Родри.
Во секој случај, оваа трансфер сага сè уште не е завршена, а како што се чини сега, нема да биде наскоро, односно за евентуалното заминување на Родриго од Сити ќе се пишува до крајот на преодниот рок.
Родри одигра 33 натпревари за „граѓаните“ минатата сезона и постигна два гола. Тој ги одигра сите натпревари за Шпанија на Светското првенство и беше еден од најзаслужните играчи за титулата на шпанската репрезентација. Беше прогласен и за најдобар играч на Светското првенство 2026.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
