Конечно: Тајсон Фјури против Ентони Џошуа во битка за светската титула

Британските боксери Ентони Џошуа и Тајсон Фјури би можеле конечно да се најдат во голема битка за шампионскиот ВБЦ појас.

Како што пренесува ЕСПН, нивните менаџери веќе почнале преговори за условите на мечот во кој Фјури би го бранел шампионскиот појас во ВБЦ верзијата. Џошуа со поразот од Олександар Усјук ги загуби сите појаси кои ги имаше, па во борбата со Фјури би влегол како предизвикувач.

И двајцата претходно веќе се обидоа да договорат борба, но преговорите пропаднаа. Џошуа во кариерата има 25 победи и три порази, додека Фјури има 33 победи и една нерешена борба. Беше тоа првата борба против Деонтај Вајлдер.

Украинецот Олександр Усјук ги чува сите шампионски титули во боксот, а ќе мора сега да се бори и против Даниел Дубоис. Победникот од борбата меѓу Фјури и Џошуа потоа ќе може да го предизвика Украинецот.

Се вчитува...