Конор Мекгрегор во самоизолација: Тренира во подрум (ВИДЕО)

Најголемата ММА ѕвезда на денешницата, Конор Мекгрегор како и сите останати спортисти во светот поради пандемијата на коронавирусот мораше да ги запре сите нормални активности. И во Ирска владеат ригорозни рестрикции како начин на борба со вирусот па Мекгрегор кој е во самоизолација тренира во подрум. Тој објави видео на социјалните мрежи на кое се гледа како тренира.

Тој вели оти е подоготвен во било кој момент да се врати на борбите. Сепак поради ситуацијата во светот неизвесно е кога би можело воопшто да се организира борба. Неизвесен е и следниот противник на ирскиот борец. Во најава е реванш со Хабиб Нурмагомедов.

 

 

Се вчитува...