Конор Мекгрегор уапсен за сексуален напад и егзибиционизам!

Големата ѕвезда на ММА-борењето, Конор Мекгрегор, повторно се соочува со сериозни проблеми со законот откако утрово беше уапсен под обвинение за извршен сексуален напад.

Тој бил приведен од полицијата додека се наоѓал на одмор на Корзика, а во обвинението е наведено „обид за сексуален напад и сексуален егзбиционизам“.

„Како резултат на жалба поднесена на 10 септември, за случка која од правни причини не можеме да ја обелодениме во детали, Конор Ентони Мекгрегор беше приведен и донесен на сослушување во полициските простории. Тој е обвинет за сексуален напад и за сексуален егибиционизам“, се вели во соопштението на француското обвинителство.

Се вчитува...