Конор се нарече себеси најголем во ММА, Хабиб му одговори: „Само на твитер…“

Конор МекГрегор состави листа на најдобрите ММА борци на сите времиња и себеси се постави на второто место зад Бразилецот, Андерсон Силва.

„Андерсон е број еден, тој е ММА број еден. Јас сум на второто место, а можеби и израмнет со него на врвот. Но, се уште сум активен и првото место ќе биде резервирано кога ќе ја завршам кариерата. И тоа без проблем. На трето место е Џорџ Сент Пјер, но тој е далеку позади. Џон Џонс е четврти“ – напиша МекГрегор.

Но, веднаш доби одговор од Хабиб, кој редовно ги следи сите активности на социјалните мрежи.

„Предаде во перо категорија, предаде во лесна категорија и предаде во велтер, никогаш не си одбранил УФЦ титула, си предал мечеви повеќе од сите заедно. Ти си најголем УФЦ борец во историјата, но само на Твитер“ – напиша Дагестанецот.

Се вчитува...