Конте го нуди Батшуаи за Љоренте

Менаџерот на Челси, Антонио Конте планира да го доведе шпанскиот напаѓач од редовите на Свонси, Фернандо Љоренте, пренесуваат медиумите од Англија.

Конте добро ги познава квалитетите на Љоренте, затоа што заедно соработуваа во Јувентус, а италијанскиот стратег е подготвен да го понуди Мичи Батшуаи а во спротивен правец да дојде Љоренте.

Батшуаи не успеа да се снајде во тимот од Лондон и негово заминување од „Стемфорд бриџ“ е неизбежно оваа зима. Љоренте во дресот на Свонси настапи на 17 натпревари во Премиер лигата и постигна шест погодоци.

Се вчитува...