Конте го сака Манџукиќ во Интер

Хрватскиот интернационалец Марио Манџукиќ би можел следната сезона да се врати во италијанската Серија А и тоа во дресот на Интер. 34-годишникот, тековната сезона ја почна како фудбалер на Јувентус, но не се вклопи во системот на Маурицио Сари, па во декември минатата година го напушти клубот.

Хрватот потпиша за катарскиот Ал-Духаил, но и таму не се наигра многу, првенствено најмногу поради пандемијата од коронавирусот. Италијанските медиуми пренесуваат дека Интер е заинтересиран да го врати Манџукиќ во Серија А, а тоа би можело да се случи по завршувањето на тековната сезона. Хрватот го раскина договорот со катарскиот клуб и се враќа во Европа.

Манџукиќ во кариерата покрај за Јувентус и Ал-Духаил, настапуваше и за Динамо Загреб, Волфсбург, Баерн Минхен и за Атлетико Мадрид, а со хрватската репрезентација во 2018 го освои сребрениот медал на Светското првенство во Русија.

Се вчитува...