Конте: Меси нема да дојде во Интер ниту во „Фантази фудбал“

Интер се врати на втората позиција во Серија А по триумфот над Џенова (0-3), а тренерот на „нероаѕурите“, Антонио Конте, одговори на прашањето што ја возбуди италијанската јавност, дали Лионел Меси би можел да го засили тимот во летниот преоден рок. Наводно, неговиот татко Хорхе Меси купува куќа во Милано, а тоа се поврзува и со евентуален трансфер на најдобриот фудбалер на Барселона во Интер. Сепак, нема ништо од тоа, според зборовите на Антонио Конте.

„Шпекулациите за доаѓањето на Меси не се вистина. Не им верувајте на лажните вести. Тој не доаѓа во Интер, дури ни во Фантази фудбал“, изјави Антонио Конте.

 

 

 

 

Се вчитува...