Конте: Не сакам да сум втор, тоа е „прво место за лузери“

Јувентус повторно загуби бодови, но Интер не го искористи ниту овој „кикс“ на „старата дама“, со што „нероаѕурите“ практично ги загубија шансите во трката за скудетото. Тренерот Антонио Конте со право е незадоволен, неговиот тим сега е во трка со Аталанта и Лацио за втората позиција, но трофејниот стручњак е навикнат на борба за трофеи, а не за „утешни награди“.

„Второто место за мене нема смисла, не го сакам овој пласман бидејќи за мене тоа е „прво место за лузери“. Некој можеби би бил задоволен со вицешампионски епитет, но јас не сум меѓу нив. Исто така, не сакам ниту моите фудбалери да бидат задоволни што се втори“, истакна Конте.

„Нероаѕурите“ во последните шест кола забележаа само две победи, притоа губејќи ги шансите за да фатат приклучок до Јувентус. Интер моментно е третопласиран со 73 бода, седум помалку од Јувентус и еден помалку во однос на второпласираната Аталанта.

Се вчитува...