Конте пак ќе го боли глава: Се повреди и Сон

Антонио Конте не може да крене глава од проблеми со составот на Тотенхем, особено при изборот на напаѓачи. Веќе извесно време повредени се Ришарлисон и Кулушевски, а на денешниот меч со Олимпик Марсеј италијанскиот стратег остана без помошта на Хеунг Мин Сон.

Корејскиот интернационалец најверојатно има потрес на мозокот, бидејќи настрада при еден судир, по што не беше во можност да го продолжи натпреварот и мораше да биде повлечен од игра и да биде заменет со Бисума.

Тотенхем по првото полувреме има негатива од 1-0, резултат што значи елиминација на лондонскиот клуб од Лигата на Шампионите.

Се вчитува...