Конте по киксот: Па што ако го загубивме второто место? Тоа е прво место за лузери

Неуспешната прва сезона во Интер, тренерот Антонио Конте ја потврди и со киксот во 35. коло од Серија А. На домашен терен одигра без голови со Фиорентина. Со тоа, во самата завршница од сезоната во која сакаше и да ја „украде“ титулата од Јувентус остана во моментов и без второто место.

На три кола до крајот од првенството, Аталанта сега е второпласирана зад Јувентус. Но, Конте не е загрижен многу околу тоа.

„За мене второто место е тотално безначајно, тоа е само прво место за лузери. Некои ќе се задоволат со тоа, но јас не. Не сакам на моите фудбалери цел да им биде второто место. Никогаш“ – порача Конте по вчерашниот дуел со Фиорентина.

Се вчитува...