Конте проговори за Абрамович: Односот со него беше неверојатен

Антонио Конте помина две години на Островот каде го предводеше Челси до титула во Премиерлигата во сезоната 2016/17, но веќе во следната сезона беше заменет со неговиот сонародник Маурицио Сари поради лошите резултати на домашната сцена.

„Да бидеш тренер на Челси не е лесно.  Мора да се соочиш со голем пристисок, поготово однадвор, меѓутоа мачно е да бидеш заменет по само две сезони, поготово откако создадов вистинска врска со навивачите и играчите. Некогаш мора да се помириш со тоа бидејќи резултатите се лоши, но некогаш едноставно не разбираш зошто“ – изјави пораншниот предводник на Челси.

Главната алка во составот од Лондон е Роман Абрамович. Човекот кој го превзеде клубот во 2003 година и го возвиши до врвот на Европа.

„Г-динот Абрамович е многу страстен фудбалски фан. Односот со него беше неверојатен, поготово во мојата прва сезона, бидејќи бевме многу блиски, зборувавме за фудбал и се интересираше за моите идеи. Често знаеше да дојде на тренинг и да ме праша за начинот на кој ќе се соочиме со противникот“ – додава Конте.

Се вчитува...