Контроверзниот Мидо со порака до Англичаните – Ставете го Мурињо за селектор!

Со поразот од Белгија репрезентацијата на Англија ги изгуби шансите за освојување на првото место во својата група во Лигата на нации. Поранешниот египетски фудбалер Ахмед Мидо смета дека Герет Саутгејт не е достоен да ја води селекцијата и дека Англичаните мора да го назначат Жозе Мурињо за селектор.

„На Англија и треба вистински тренер. Со Герет само губат време. Се сеќавам дека во Миделзборо на смрт се плашеше кога се боревме за опстанок. Да тоа му беше прва работа, но некои работи никогаш не се менуваат. Ако се плашите од пораз еднаш секогаш ќе се плашите. Мојот совет до ФА е да го назначат Мурињо за селектор. Тоа би било совршено“, изјави Мидо. 

Се вчитува...