Копа Америка и дефинитивно нема да се игра во Аргентина!

Јужноамериканскиот континентален турнир познат како Копа Америка и дефинитивно нема да се игра во Аргентина. КОНМЕБОЛ, фудбалската асоцијација на Јужна Америка, одлучи да ја откаже Копа во Аргентина и да се сврти кон понудите од другите земји заинтересирани за земја – домаќин.

Последните денови беа проверени неколку стадиони за да се види кој може да биде домаќин. Стадионите на Естудијантес, Велез и Бока беа оценети како безбедни откако претходно откажаниот дел од турнирот планираше да се игра во Колумбија.

„Многу е тешко да се организира фудбалски турнир со оглед на здравствената состојба“, рече аргентинскиот министер Вадо де Педро.

Во неделата, инспекторите на КОНМЕБОЛ пристигнаа во Буенос Аирес за да проверат дополнителни стадиони, во почетокот се чинеше дека турнирот ќе може да се одигра во земјата на легендарниот Марадона, но на крајот беше откажан.

Ова претставува проблем и за репрезентациите кои практично подготвија се за да го одиграт турнирот, особено за несудениот домаќин Аргентина. Копа Америка за првпат требаше да се игра во јуни 2020 година, беше продолжена за една година поради пандемијата на коронавирусот, но за 12 месеци овој турнир се соочи со истиот проблем.

 

 

 

Се вчитува...

buy windows 11 pro test ediyorum