Корона хаос на Џиро – Два тима ја напуштија трката поради позитивни Ковид-19 тестови

Комплетниот тим на Мичелтон-Скот се повлече од годинашното издание на Џиро Д’Италија поради позитивни корона тестови и тоа само неколку дена по откажувањето и на тимот на Џамбо-Висма. Последниот круг на тестирање покажа дека четири члена на Мичелтон-Скот се позитивни на коронавирус.

„Одлучивме да се повлечеме поради одговорност кон друштвото“, изјави шефот на тимот Брент Копеланд. 

Лидерот на тимот Сајмон Јејтс претходно се повлече поради позитивен корона тест, а истото го направи и лидерот на тимот на Џамбо Висма Стивен Крујсвик.

Се вчитува...