Короната и натаму присутна: Нови случаи во репрезентациите на Хрватска и на Чешка

Иако малку подзаборавена, сепак, коронавирусот и натаму прави проблеми во репрезентациите. Така нови случаи регистрираа селекциите на Хрватска и на Чешка.

Селекторот на Хрватска, Златко Далиќ нема да може да смета на Марко Ливаја и на Петар Муса. Двајцата биле тестирани како позитивни на коронавирусот на последните тестирања, па така нема да бидат со селекцијата за престојните мечеви во Лигата на нации.

Коронавирусот се појави и во селекцијата на Чешка. Репрезентацијата на оваа земја потврди дека голманот Јиржи Павленка поради позитивен тест, нема да биде во комбинација за следните натпревари.

 

Се вчитува...