Коронавирус и во Барселона

Нов позитивен случај на коронавирус во Шпанија, овојпат во редовите на каталонскиот гигант Барселона. Каталонците денеска официјално го означија стартот на подготовките за новата сезона, на тренингот присуствувале девет играчи кои нема да патуваат за Ф8 завршницата во Лисабон, а еден од нивните тестови имал позитивен резултат на Covid-19.

Заразениот фудбалер е асимптоматичен, се чувствува добро, но веќе е во самоизолација во неговиот дом“, соопшти Барселона.

Според челниците на каталонскиот гигант, ниту еден од овие девет фудбалери не биле во контакт со првотимците кои треба да играат против Баерн Минхен во четвртфиналето од ЛШ.

Идентитетот на заразениот фудбалер се уште не се обелоденува во јавноста, но на денешниот прв тренинг на Барса се појавија: Рафиња, Алења, Педри, Приол Росел, Тринкао, Миранда, Матеус, Ваге и Тодибо.

Се вчитува...