Коронавирус ја „нападна“ Арминија Билефелд, Борусија Д. втор викенд без меч?

Откако беше одложен натпреварот Мајнц – Борусија Дортмунд изминатиот викенд поради многу случаи на коронавирус во тимот на Мајнц, „милионерите“ се на добар пат да бидат втор викенд без натпревар.

Сега Арминија Билефелд е „нападната“ од коронавирус, и имаат многу случаи, и знак прашање е дали тоа ќе влијае на одигрување на натпреварот кој е закажан за недела.

Евентуално одложување ќе значи дека Борусија ќе има два меча помалку од останатите. Дуелот со Мајнц е презакажан за 16. март, а дополнително ќе се утврдува дали ќе биде и со Арминија.

Во моментов „милионерите“ заостануваат девет бода зад лидерот Баерн, и имаат натпревар помалку.

Се вчитува...