Коронавирусот го одложи стартот на фудбалската сезона во Кина

Кина го одложи почетокот на домашниот фудбалски шампионат проади коронавирусот кој досега зеде 170 жртви. Супер-лигата требаше да почне на 22 февруари, а да заврши на 31 октомври. Нов термин за почеток на сезоната не е објавен.

„Донесовме одлука, фудбалските првнества, во сите категории да бидат одложени. Со ова помагаме во превенцијата и заштитата на населението од ширење на епидемијата од коронавирусот и го штитме здравјето на навивачите, фудбалерите и сите останати инволвирани во натпреварите“ – стои во соопштението од кинеската федерација.

Серија спортски настани кои требаше да се одржуваат во Кина се или откажани или одложени или пак префрлени во други земији. Олимписките квалфикациски турнири за кошаркарки и за фудбалерки добија нови домаќини. Откажани се трките од Алпскиот светски скијачки куп кои требаше да се одржат на 15 и на 16 февруари. Светскто атлетско првенство во сала исто така е одложено, а Формула 1 објави дека ја мониторира систуација во контекст на епидемијата и ќе биде однесена одлука околу трката во Кина закажана за викендот 17-19 април.

 

 

Се вчитува...