Строго лимитирана бројка влезници и многу помалку луѓе инволвирани во настанот. Вака ќе изгледа правата од четирите станици на традиционалната турнеја во ски-скокови „Четири скокалници“. Почна продажбата на билетите за натпреварувањето во Оберсдорф, но само за 2500 влезници. Ова е затоа што така налагаат строгите протоколи за зашита од коронавирусот.
На останаите три скокалници исто така ќе биде направен план околу продажбата на влезниците, но и околу тоа колку луѓе би биле ангажирани во настанот. Организаторите имаат проблем затоа што во претходните години за едно натпреварување имало околу 7000 акредитирани лица, сега оваа бројка е лимитирна на максимум од 1500 луѓе кои би биле дел од организацијата.
За натпреварувањето во Оберсдорф се продаваат билети само за седечките позиции, навивачите нема да можат да присустуваат во борилиштето ниту на квалификациите ниту на главното натпреварување.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА