Ведран Ќосевски има нов клуб, искусниот голман повтоорно ќе брани во шампионатот на БиХ откако синоќа потпиша договор со тимот на Радник од Бјелина.
Искусниот 31-годишен голман беше без ангажан по заминувањето од Вардар летово, беше поврзуван со неколку клубови, но за крај за дестинација ја избра лигата на БиХ каде претходно неколку години со успех ја чуваше мрежата на Железничар.
Ќосевски во текот на кариерата има настапувано и за Вележ,, како и за Струга ТЛ, тим со кој исто како и со Вардар освои титула во македонскиот шампионат.
„Ведран, ти посакуваме срдечно добредојде во Бјелина и во ФК Радник. Сино-белиот дрес нека ти донесе многу успеси, здравје и заеднички победи“, се вели во објавата на Радник.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
