Кошаркарите до 16 години на 12. место во Европа

Македонската кошаркарска репрезентација до 16 година Европското првенство во А-Дивизија кое се одржува во нашиот главен град го заврши на 12. место откако загуби од Полска со 68-71. Полјаците беа подобриот противник во поголемиот дел од мечот, но и покрај тоа нашите репрезентативци имаа шанса за победа на самиот крај, но не успеаја да ја зграпчат истата.

Двата тима не успеаја да го најдат ритамот во нападот на отварањето на натпреварот па не успеаја ниту да ја надминат двоцифрената граница на постигнати поени во првата четвртина (7-8). Сепак фатија ритам до крајот на второто полувреме до кое Македонија постигнаа 22, додека Полска 27 поени за на семафорот да стои резултат 29-35.

Полјаците беа бликсу до двоцифрена предност уште во првото полувреме кога водеа со девет разлика, а успеаја да стекнат ваква предност веќе на средината на третата четвртина (39-49) со што продолжија да го контролираат темпото на мечот. Македонските репрезентативци сепак не дозволија противникот да ја зголеми предноста, напротив со добра игра во финишот стигнаа и до негатива од еден напад, но мораа да се задоволат со резултат 51-56 на влезот на одлучувачките десет минути.

Добрата игра на нашите репрезентативци продолжи и во последната четвртина во која благодарние на триото Величковски-Јаничиќ-Зетов, Македонија ја превзема предноста (68-67), но „црвено-жолтите“ немаа сили за го задржат истото. На крајот пресудија двете изгубени топки во последните 100 секунди.

Дино Лазарев беше лидер на Македонија со 13 постигнати поени, додека него го следеа Величковски и Зетов со по 11 поени на кои кошаркарот на Струмица додаде и 7 асистенции и 5 скока. Како двоцифрен со 10 поени мечот го заврши и Марко Лукановски. Со 22 поени и 5 скока Иво Баганц беше лидер на Полска.

Се вчитува...