Кошаркарите до 18 години со втор пораз на ЕП Б-дивизија

Кошаркската репрезентација на Македонија до 18 години го забележа и вториот пораз на Европското првенство Б-дивизија кое што се игра во Хрватска, откако вечерва загубија од Босна и Херцеговина со 75-86.

Нашите надежи фуриозно го почнаа натпреварот откако во првата четвртина го полнеа кошот на противникот буквално од секоја позиција, а по десет минути игра имаа позитива од 28-23. Предноста од пет поени ја задрживме до крајот на првиот дел и на пауза меѓу двете полувремиња резултатот на семафорот изнесуваше 46-41.

На стартот на вториот дел репрезентативците на БиХ заиграа за нијанса подобро, па на влезот во последните десет минути имаа негатива од само два поени 61-59.  Избраниците на Миодраг Тодоровиќ промашија многу зицери во последниот период, а сето тоа го искористи противникот за конечен триумф од 75-86.

Ѓорѓи Цветковски со 20 поени беше прво име во нашиот табор, додека кај победникот Един Прелџиќ постигна 27 поени.

Се вчитува...