Кошаркарите на Работнички лесно го „препливаа“ Вардар

Кошаркарите на Работнички славеа лесна победа од 67-92 на гостувањето против Вардар во заостанатиот натпревар од 5. коло во Првата кошаркарска лига.

Уште во првата четвртина, која гостите ја добија со 11-22, беше јасно кој ќе ја однесе победата на натпреварот. Во продолжението се беше рутина за момците од Градски парк кои лесно дојдоа до убедливиот триумф од 25 поени разлика.

Пет кошаркари на Работнички имаа двоцифрен ефект, од кои Мулалиќ заврши со 17 поени, а по 15 поени постигнаа Младеновски и Бундовиќ. Младеновски дополни и со 13 скока. Торнтон натпреварот го заврши со 16 поени и 7 скока.

Работнички во дванаесеттиот натпревар сезонава стигна и до седмата победа.

Се вчитува...