Кошаркарската репрезентација на Македонија доживеа пад од две места на најновата ранг-листа на Светската кошаркарска федерација ФИБА.
И покрај победите на кошаркарите над Република Ирска и Луксембург во претквалификациите за пласман на Европското првенство 2029 година, репрезентацијата доживеа пад од две места и сега е 64. светска кошаркарска сила.
Пад од две места имаме и на европскиот ранкинг каде во моментов сениорската репрезентација се наоѓа на 32. место.
На врвот е САД, пред Германија и Србија, а во топ 5 уште се и: Франција и Канада.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
