Женската кошаркарска репрезентација на Македонија до 18 години со пораз од Данска од 73-60 го почна настапот на Европското првенство Б-дивизија кое од денеска се игра во романскиот град Тулчеа.
Данките уште од самиот старт беа подобар противник на теренот и во текот на сите 40 минути го контролираа мечот со што не дозволија на нашите девојки да го направат натпреварот поинтересен, па на крајот стигнаа до сигурен триумф од 73-60.
Во нашиот табор Јана Пишлевска со 16 поени беше прво име, додека кај победникот Елиса Даглас заврши со 26 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
