Кошаркарките го преслушаа Косово

Младинската женска кошаркарска репрезентација на Македонија славеше со убедливи 83-69 на дуелот со Косово, на отворањето од Европското Првенство за кошаркарки до 20 години што се одржува во Скопје. Нашиот млад состав одигра квалитетен меч, не оставајќи му на противникот надеж за изненадување на овој натпревар.

Кошаркарките од Косово беа нешто подобри само во првата четвртина, што гостинките ја добија со 20-16. Втората четвртина мина во далеку подобро издание во одбраната на македонските кошаркарки, кои за десет минути им дозволија на противничките да постигнат само девет поени, па на одмор се замина со водство на Македонија од 34-29. Сите дилеми околу победникот исчезнаа по одличната трета четвртина што нашите млади кошаркарки ја добија со 24-16, по што двоцифреното водство беше исконтролирано целосно во последните десет минути од мечот, за конечни .

Матеа Николиќ со 26 поени и 9 скокови беше клучна фигура во македонскиот табор, каде двоцифрен ефект имаа и Секуловска со 19, Селцова со 17 и Тасевска со 14 поени.

Македонија во следното коло ќе се сретне со селекцијата на Хрватска, меч што е закажан за понеделник со почеток во 18.45 часот.

Се вчитува...