Кошаркарките загубија и од Грција

Репрезентацијата на Македонија за кошаркарки до 17 години претрпе нов пораз на Европското Првенство – Б дивизија што се одржува во Скопје, откако денеска загуби од селекцијата на Грција со резултат 38-48.

Како и на вчерашниот дел со Ирска, повторно нашиот состав имаше проблем со играта во нападот, постигнувајќи помалку од 40 поени за 40 минути игра. Младите кошаркарки успеваа да му парираат на грчкиот национален тим во првото полувреме, во 24. минута резултатот гласеше 27-27, но потоа Грција успеа да се одлепи и на крајот да слави со десет поени разлика.

Утре е слободен ден на шампионатот, а Македонија во четвртото коло во вторник ќе се сретне со Австрија (18.45 часот, СЦ „Јане Сандански“).

Се вчитува...