Кошаркарките загубија од Шведска и го освоија последното место на ЕП Б-дивизија

Кошаркарската репрезентација на Македонија до 18 години како што го почна така и го заврши европското првенство Б -дивизија, со пораз од репрезентацијата на Шведска со убедливи 74-53, што на крајот значи и последнот место на континенталниот собир.

За разлика од претходните мечеви, нашите девојчиња можеа да се пофалат што по десет минути имаа предност 19-14. Сепак, тоа беше се што направија во мечот. Шведска заигра далеку подобро и на крајот заслужено стигна до конечен триумф од 75-53.

Јана Пишлевска со 15 поени беше прво име во нашиот табор, додека кај победникот Еми Ерсдала постигна 14 поени.

Се вчитува...