Кошмар за Гостивар – Ворку најмалку шест месеци надвор од кошаркарските терени!

Гостивар се соочува со огромни проблеми во пресрет на Супер-лигата по тешката повреда што ја заработи најдобриот кошаркар на оваа екипа, Американецот Ијасу Ворку.

Извонредниот плејмејкер се пожали на болка во коленото за време на дуелот со Кожув, а деталните лекарски прегледи го донесоа најлошото можно сценарио – Ворку има скинати лигаменти на десното колено. Тој во најскоро време ќе мора да биде опериран, а паузата надвор од терените ќе изнесува околу девет месеци.

Јасно е дека ова ќе биде сериозен удар за гостиварци во пресрет на клучниот дел од сезоната, ако се знае дека Ворку беше убедливо најдобар поединец во тимот на Алек Јончевски. „Сино-белите“ имаат можност да донесат нов играч до стартот на преодниот рок, но јасно е дека ќе биде исклучително тешко да се најде адекватна замена за Ворку.

Се вчитува...