Кошмар за Клоп: Салах се повреди на две седмици пред финалето на ЛШ

Ливерпул се соочува со нов голем проблем на две седмици до големото финале на ЛШ против Реал Мадрид по повредата што денеска ја заработи Мохамед Салах.

„Црвените“ се среќаваат со Челси во финалето на ФА Купот на Англија, а Салах по триесетина минути игра остана да лежи на теренот, без претходен посериозен контакт со некој противнички фудбалер. Лекарскиот тим му укажа помош, а Салах веднаш потоа беше заменет, поради повреда на мускулот.

На 14 дена до големото финале на ЛШ, прашање е дали Салах ќе може да му помогне на тимот на најважниот натпревар сезонава.

Се вчитува...