Коста Манев ја замени Академија Пандев со хрватски Вараждин

Централниот дефанзивец Коста Манев својата кариера ја продолжува во новиот хрватскиот прволигаш Вараждин.

Манев се одлучи да се раздели со Академија Пандев каде настапуваше изминатава сезона и да продолжи во редовите на Вараждин, веќе приклучувајќи се на подготовките на својот нов тим.

29-годишниот Манев покрај за Академија Пандев претходно во својата кариера има настапи и за Вардар, за Вележ од БиХ, како и од финските клубови Клуби-04, ПК-35, Викингит, Хонка, Интер Турку и ПС-Кеми.

Се вчитува...