Костадин Георгиев и Мила Саздова државни прваци

Костадин Георгиев (Шихан Струмица) и Мила Саздова (Работнички) станаа државни прваци на 51. МТКФ Државен шампионат во кихон, кихон-кумите, џиу ипон кумите, кого-кумите и кумите, во традиционално карате што се одржа вчера во Будо Центарот Недеви во Скопје. Второто место кај дамите и припадна на Антонија Белазелкоска (КК Јане Сандански), а третопласирана беше Берта Милевска (Фудокан).

Кај мажите во сениорска конкуренција, зад Костадин Георгиев се пласираа Самет Есадов (Шихан) и Димитар Витанов (АБЦ).

Се вчитува...