Костадинов: Горд сум, а во исто време ми е жал за пропуштената шанса

Македонскиот репрезентативец Тихомир Костадинов по обврските со националниот тим, се врати на тренинзите на полскиот Пјаст. Костадинов беше стартер на вториот натпревар против Португалија во баражите, и рече дека во исто време е горд за елиминацијата на Италија, а во исто време и тажен поради пропуштената шанса.

„Горд сум, а во исто време ми е жал за пропуштената шанса, затоа што бевме блиску да направиме нешто големо. Мораме да бидеме горди што го елиминиравме европскиот првак Италија. Верував  и јас, и моите соиграчи дека можевме да ги минеме Италијаните. Така беше и во финалето против Португалија, но противникот максимално ги казни нашите грешки“, рече Костадинов, кој објасни како се чувствувал кога дознал дека ќе биде во првите 11 против Португлаија.

„Кога дознав дека ќе бидам во стартниот состав бев многу среќен. Тоа беше најважниот натпревар во мојата репрезентативна кариера. Горд сум што бев дел од оваа бајка“, изјави Костадинов.

Играчот од средниот ред малку се осврна и на трансферот во Полска, и рече дека одлуката била добра, и според него, тоа е чекор напред во кариерата.

„Одлуката да дојдам во Полска беше добра. Направив чекор напред во кариерата. Драго ми е што сум тука“, рече Костадинов.

Се вчитува...