Костариканецот Алварез ново засилување на Шкупи

Костарикаенецот Фреди Алварез е најновото засилување на прволигашот Шкупи. 25-годишникот настапуваше за младата репрезентација на Коста Рика, а за него трансферот во тимот од Чаир е прво интернационално искуство.

„Задоволен сум што доаѓам во клуб со традиција и историја. Се надевам дека брзо ќе можам да се вклопам во тактичките замисли на тренерот. Се надевам дека ќе можам да одговорам на предизвикот во домашните натпреварувања и Европа“, изјави Алварез. 

Aлварез минатата сезона во тимот на Џикарал запиша 21 настап на кој постигна осум гола и забележа шест асистенции.

Се вчитува...