Костов на рацете на фудбалерите по лекцијата на Тиквеш за Воска (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Влатко Костов, без сомнение, е еден од најзаслужните за опстанокот на Тиквеш во елитното друштво.

Кавадарчани денеска во Струмица одржаа фудбалска лекција за амбициозната Воска која, сепак, и следната сезона ќе мора да се задоволи со второлигашкото натпреварување. Па, Костов по убедливата победа од 4-1 на крај заврши на рацете на своите фудбалери.

Заслужено славје за тимот од Кавадарци кој уште сега за следната сезона најавува поамбициозен проект за далеку позначајна своја улога во прволигашкото друштво.

 

Се вчитува...