Костовски стрелец, но пораз за Леувен

Македонскиот фудбалски интернационалец Јован Костовски беше стрелец на единствениот гол за својот тим Леувен Оуд Хеверле на гостувањето против Роселаре во Втората лига на Белгија. Тој стрелаше во 37.минута и во тој момент го израмни резултатот на 1-1, но во завршницата на мечот домашниот тим Роселаре дојде до триумф од 2-1 со голот на Јанолис.

Ова беше петти последователен пораз за Оуд Хеверле, кој се наоѓа во многу непријатна позиција на табелата и ќе се бори за опстанок.

Се вчитува...