Ковид-19 во Македонија ЃП… Двајца заболени, четворица во изолација

Коронавирусот не го остава на мир и македонскиот фудбал. Се појавија двајца позитивни фудбалери во прволигашот Македонија ЃП. Веднаш се изолирани иако не покажувале симптоми, а уште четворица други кои биле во најблизок контакт се во задолжителна изолација.

Македонија Ѓорче Петров в сабота треба да одигра и пријателски натпревар со Работнички на стадионот во Ѓорче Петров, допрва ќе биде познато што ќе се случува и како ќе продолжат подготовките на овој тим. Почетокот на новиот шампионат во Првата лига е закажан за првата половина на август.

Се вчитува...