Британските власти дадоа зелено светло за враќање на навивачите на стадионите, па по повеќе од девет месеци почнувајќи од 2 декември натпреварите ќе се играат со присуство на публика. Сепак, откако беа обелоденети протоколите станува јасно дека и клубовите и самите навивачи ќе имаат сериозни проблеми со новите „правила на игра“.
На стадионите ќе бидат дозволени до 4.000 фанови, а овој број ќе варира во зависност од „зоната“ во Англија во која се наоѓа тимот. Навивачите нема да можат да пејат навивачки песни, ниту да извикуваат слогани, а ќе биде забрането и пиење на алкохол на стадионите и околу нив.
Среќните гледачи ќе мораат да потпишат и посебен правилник на местото каде што ќе се продаваат билети, а притоа треба да го напишат и времето на пристигнување и заминување од стадионот. Гледачите ќе мораат во целото време да носат и заштитна опрема, односно маска, а сопственото средство за дезинфекција кое што ќе го носат со нив не смее да биде биде поголемо од 50 милилитри.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА