Кошаркарите на Кожув дојдоа и до втората победа сезонава, повеќе од заслужено доаѓајќи до триумф од 77-85 на гостувањето против амбициозниот Штип кој, пак, на стартот од сезоната го запиша и третиот пораз.
Избраниците на Миодраг Тодоровиќ сосема заслужено дојдоа до триумф, до кој стигнаа благодарение на одличната трета четвртина.
Првото полувреме мина во израмнета со минимална предност од 40-39 за домашните. Но, третиот период Кожув го доби со 17-26, при што се навести победникот на мечот.
Гевгеличани рутински ја одржуваа предност во последниот период од играта, за триумф на крајот од 77-85.
Во победничката екипа на Кожув најефикасен беше Бојчев со 31 поен а Американецот Барис заврши со 22 поени, додека кај Штип се истакна Хамилтон со 22 поени, додека Ѓорѓевиќ постигна 17 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
