Кожув го смени Перо Блажевски од кормилото

Раководството на Кожув повторно се реши за тренерска смена откако му беше врачен отказ на Перо Блажевски, по несреќниот пораз по продолжение на домашен терен од Работнички.

Блажевски пристигна на кормилото на тимот од Гевгелија на почетокот од 2022 година на местото на Павле Николов, успеа да врзе две победи против МЗТ Скопје 2 и Куманово, но неуспехот против Работнички беше пресуден за нова тренерска смена. Донесена е одлука да не биде ангажиран нов стратег, туку сезонава како шеф на стручниот штаб да ја доврши досегашниот асистент на Блажевски, Илија Ефтимов.

„Управата на КК Кожув одлучи до крајот на оваа сезона првата екипа да ја води досегашниот помошник Илија Ефтимов, на сега веќе бившиот тренер Перо Блажевски му се заблагодаруваме за придонесот кој го даде за Кожув и му посакуваме понатамошен успех во тренерската кариера. Соработката беше прекината спогодбено со меѓусебен договор и взаемен интерес на двете странки“, објави КК Кожув.

Се вчитува...