Екипата на Кожув пред стартот на новата сезона се засили со Најџел Бурис.
Тој денеска и официјално беше промовиран како кошаркар на тимот од Гевгелија.
Бурис е кошаркар од САД кој настапува на позициите крилен центар и центар, висок е 201 сантиметар. Тој четири години настапуваше во НЦАА лигата и тоа за Универзитетите Ајдахо, Јута стејт и Вебер стејт. Кожув и македонскиот шампионат ќе му бидат прво европско искуство на Бурис.
Минатата сезона, Бурис настапувајќи за Вебер стејт, одигра 32 натпревари и имаше просек од 10.3 поени и 4.9 скокови по натпревар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
