Кожув ја освои Кисела Вода, „ангелите“ немаа сили за пресврт

Кожув очекувано лесно славеше на гостувањето во Кисела Вода против КК Ангели со резултат 72-76, триумф со кој тимот од Гевгелија уште еднаш победи директен ривал со кого повторно ќе се сретне во плејаут-натпреварувањето. Избраниците на Боби Митев во последната четвртина се обидоа да се вратат, приближувајќи се од двоцифрена на само четири поени негатива, но немаа сили за целосен камбек.

Гевгеличани уште од самиот почеток наметнаа темпо што домашниот состав не можеше да се следи, поведувајќи со 16-26. На почетокот од втората четвртина Ангели намали на 20-26, но Кожув повторно презеде контрола над резултатот, на одмор заминувајќи со водство од 29-42. Домашните кошаркари ја спуштија негативата под десет поени и во третиот период, но немаа сили посериозно да се приближат бидејќи Кожув одговори преку Штерјов и Колев, кои ја вратија удобната предност на гевгеличани.

Ангели покажаа карактер, не откажувајќи се до самиот крај, приближувајќи се на 70-74 на повеќе од две минути до крајот. Сепак, тајмаутот на гостинскиот тренер втори со плод, Кожув ја зацврсти одбраната во самиот финиш и заслужено стигна до триумф.

Унрих со 20 и Оконкво со 18 поени беа најефикасни во победничкиот тим, додека прв стрелец на КК Ангели беше Дамјан Крстевски со 25 постигнати поени.

Се вчитува...